Autor Wątek: Język macedoński  (Przeczytany 6568 razy)

Offline Úlfurinn

Odp: Język macedoński
« Odpowiedź #60 dnia: Czerwiec 30, 2019, 20:37:48 »
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Лекција 11 -  Вежби, речник за тема - Македонија
Zadania i słownictwo związane z ogólnym opisem Macedonji

Текст
Прочитај го текстов
Република Македонија се наоѓа во југоисточниот дел на Европа, поточно, во срцето на Балканскиот Полуостров. Се простира на површина од 25 713км2. Географиски, се граничи со Србија на север, со Бугарија на исток, со ,,Грција''* на југ и со Албанија на запад. Нацелена е со околу 2 060 000 жители и во неа, освен Македонци, живеат Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми и други. Главен град на Република Македонија е Скопје, којшто е и најголем нејзин град, со околу 550 000 жители. Други поголеми градови се: Битола, Куманово, Прилеп, Охрид, Тетово, Струмица, Штип, Велес и Крушево.
 Македонија е планинска земја. Во неа ридовите и планините зафаќаат околу 80% од површината. Меѓу убавите планини: Шар Планина, Баба, Јакупица, Осоговска Планина, Плачковца, Бистра, Галичица и други, највисока е планината Кобар (2764м).
 Водните површини на Македонија се обележани со многу реки и езера. Најголеми реки се: Вардар, Треска, Црна Река, Пчиња и Брегалница, а најголеми природни езера се: Охридско Езеро, Преспанско Езеро и Дојранско Езеро. Најголемите меѓу глечерските езера е Боговинско Езеро на Шар Планина, а од вештачките езера најголемето е Тиквешко Езеро. Исто така, Македонија изобилува и со извори на термални води.
 Во Македонија има и природни убабини заштитени со закон. Такви се националните паркови Галичица, Пелистер и Маврово и други природни паркови и резервати со ретки примероци на растенија и животни. Македонска гордост од растителниот свет е борот наречен молика или македонски бор, којшто расте низ цела Македонија, а е откриен на планината Пелистер. Од животинскиот свет Македонците се гордеат со овчарското куче шарпланинец, коешто потекнува од планинските масиви во Северна Македонија - Шар Планина, Кобар, Стогово, Бистра и Маврово.
 За климата во Македонија се карактеристични жешки суви лета и студени влажни зими. Ваквите услови се многу поволни за развој на земјоделството и на сточарството, како најразвиени стопански дејности во земјата. Голем дел од површината на Македонија е покриен со плодни земјоделски површини, зелени пасишта, плантажи со лозја, овоштарници и пошумени региони. Најразбиени земјоделски региони се: Пелагонија, Полог, Овче Поле, Тиквеш, Струмилко Поле и други. Производите што се одгледуваат овде се најдалеку во светот проучени по својот квалитет и по вкусот. Некои од нив се: реценското јаболко, тетовскиот грав, струмичкиот домат и пиперка, тиквешкото грозје и други.
 Посебно богатство на Македонија претставуваат многубројните археолошки наоѓалишта. Тие сведочат за цивилизациите што постоеле овде и нѐ водат низ историјата на човештвото дури до 3500-9000 години пред нашата ера (г.пр.н.е.)
* Република Поранешни Османски Покраини Мореа и Солун
(tekst pochodzi z podręcznika dla średniozaawansowanych Dzunica)

Mapa Macedonji
[close]
słownictwo
[close]

Вежби

Napisz podobny do powyższego tekst o Polsce lub innym dowolnym państwie świata (poza RBOPMiS)


Przypominam o słownikach:
http://www.recnik.net.mk/ - słownik polsko-macedoński i macedońsko-polski, ma trochę luk, ale jest to jedyne tego typu źródło; wersja polsko-macedońska ogólnie jest lepiej dopracowana;
https://en.wiktionary.org/wiki/Wiktionary:Main_Page - angielski wikisłownik;
https://recnik.off.net.mk/ - bardzo obszerne źródło, słownik ma tłumaczenia w obie strony z macedońskiego na angielski, niemiecki, albański, język urzędowy Republiki Byłych Osmańskich Prowincyj Morei i Sołunia, francuzki, słoweński, turecki, serbskochorwacki (w odmianie serbskiej) i rosyjski, wszystkie wersje językowe są bardzo wysokiej jakości;
http://www.makedonski.info/ - jednojęzyczny słownik języka macedońskiego z ogromną bazą słownictwa i przykładów zastosowania.